Во рамки на НЕДЕЛА НА ДЕТЕТО на 08.10.2014 се одржаа спортски рекреативни игри за децата од градинките.

Децата од ОЈУДГ 23 АВГУСТ од Берово учествуваа на спортски натпревари со други градинки по повод Недела на детето во градот Штип. „Игри без граници“ е насловот на овие детски спортски игри кои се одржуват секогаш во друг град на Источна Македонија. Децата се дружеа, играа и се забавуваа заедно со своите другарчиња од градовите Штип, Куманово, Скопје, Пехчево, Крива Паланка. На крајот организаторите градинката од Штип „Астибо“ им додели на сите учесници по една плакета и пехар. 

  • image
  • image