ПОСЕТА НА ГР. ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Р. БУГАРИЈА

Посета на Детската градинка „Џани Родари“ град. Гоце Делчев , Р. Бугарија од страна на Општинската Јавна установа за деца - Детска градинка „23Август“ Берово Р. Македонија.
Детската градинка „23Август“ - Берово р. Македонија и Детската градинка „Џани Родари“ р. Бугарија работат по проект Трансгранична соработка „Зелена иднина за нишите деца“ и овој проект трае две години.
По тој повод Градинката „Џани Родари “ организираше свечен водосвет за здравје на обновената детска градинка , водосветот го отслужи Неговото Високо правосвештенство Неврокопски Митрополит Серафим. 
Градоначалникот на град Гоце Делчев Р. Бугарија, Владимир Москов, градоначалникот на општина Берово Драги Наџински , тимот на проектот и директорот на ОЈУДГ „23Август“ Фимка Ковчегарска заедно со воспитувачи и негователи од установата беа учесници на отварањето на обновениот објект. Воспитувачите и негователите од ОЈУДГ „23Август“ Берово за едно со колешките од „Џани Родари“ се одржааа и меѓународен семинар на 16.12.2014 под мотото „Зелена иднина на нашите деца“. Учесниците од детската градинка „3Август“ Берово, релизираа работилница на тема „Здрава храна за нашите деца“ - (тодор болдирај го овој наслов)
Учесниците на работилницата од Р. Македонија изработуваа десерти од овошје „Свежо и суво“ и различни салати изработени од свеж и сув зеленчук.

  • image
  • image