Национален ден за здрава храна

На 16.10.2015 во ОЈУДГ„23 Август“- Берово со поддршка на МТСП и Локалната самоуправа на општина Берово, се одбележа „Националниот Ден за здрава храна“.
Одбележувањето се реализира во установата, заедно со родители на децата и претставници на Локалната самоуправа со следната дневна агенда:

1. Отворање на настанот – Предговор за програмата за едукација на децата од предучилишна возраст со процесот на одгледување и консумирање здрава храна – Директор Фимка Ковчегарска.
2. Промоција на упатство за здрава храна
3. Прошетка во градината и берба на култури
4. Правење зеленчукови и овошни салати и нивна консумација
5. Консумација на сокови од овошје и зеленчук приготвени од дечињата, родителите и учителките.

На овој настан директни учесници беа функционери од Локалната самоурава на општина Берово и родители на децата со кои заеднички го одбележавме празникот.

 

  • image
  • image