Општинската Јавна Установа за деца (ОЈУДГ) - Детска градинка „23 Август“-Берово е лоцирана  близу до центарот на Берово.

Директор на градинката е Фимка Ковчегарска, а вкупниот број на вработени изнесува 54 лица, но вклучувајки ги и градинките од селата Русиново, Будинарци и Митрашинци.
Децата се поделени во 3 групи, имено јасли, целодневен престој и полудневен престој
Во Берово, се евидентирани вкупно 320 деца поделени во14 групи  ( што го надминува проектираниот капацитет од 160 деца ). Додека проектираниот капацитет од 80 деца не достигнат во с.Русиново,  кој има вкупно 37 деца поделени во 3 групи. Во с. Будинарци,  се запишани 10 деца во една група ( додека проектираниот капацитет изнесува 40 ) .А со ист број на проектирани капацитети, сличен  вид на структура се забележува во с. Митрашинци со  само 4 деца.

  • image
  • image