Добродојдовте на вебсајтот на ДЕТСКА ГРАДИНКА „23 АВГУСТ“ БЕРОВО

 

 

МОНОГРАФИЈА ЗА 

ЧЕТИРИДЕЦЕНИСКИОТ РАЗВОЈ И ТВОРЕШТВО НА ДЕТСКА ГРАДИНКА

„23 АВГУСТ“ ( 1976 - 2016 ) БЕРОВО

 Клик на сликата или овде за да ја видете монографијата

 

Промоција на Монографијата 

ЧЕТИРИДЕЦЕНИСКИОТ РАЗВИТОК И ТВОРЕШТВО НА ДЕТСКАТА ГРАДИНКА „23 АВГУСТ“ БЕРОВО

 

Програма по повод 40 роденден на Градинката

 

Општинската Јавна Установа за деца (ОЈУДГ) - Детска градинка „23 Август“-Берово е лоцирана  близу до центарот на Берово, на безбедно место каде нема директен контакт со улици каде се одвива сообраќајот. Градбата на објектот е релативно здрава, со исклучок на столаријата која веќе „подпадна на забот на времето“. Условите во кои се воспитани и чувани децата се повеќе од задоволнителни. Ентериерот е добро уреден, хигиената се одржува на високо ниво, храната е добро избалансирана за здрав развој на нашите најмили.

Јавната Установа за деца - Детска градинка - „23 Август“ - Берово е формирана и отпочна со работа од 1.02.1976 год. Во склоп на нејзиниот состав е и градинката во с. Русиново со капацитет од 80 деца, која што почна со работа од 1982 год.

До 1994 год. беа и забавиштата во селата Будинарци, Митрашинци, Владимирово, Ратево, Двориште, Смојмирово просторно сместени во наши објекти. Само во с. Будинарци, Митрашинци и Русиново 1994/95 год. ги реновиравме објектите и се обезбедени здрави услови за престој на деца од таа возраст.

Во Установата денес воспитно-образовна дејност се остварува во еден матичен објект - во Берово - и во три клона: во с. Русиново, Будинарци и Митрашинци, со опфатени деца во 19 групи, од кои две јаслена возраст, 9 целодневен и 8 полудневен престој.         

Воспитно-образовната дејност се реализира по Програмата од Бирото за развој на Република Македонија.

За успешна реализација на дејноста, едно од најзначајните прашања на воспитно-образовниот процес е организационата поставеност, како значаен фактор во формирањето на детската личност.

И покрај тоа што постојат и активностите на децата, всушност треба да носта обележје на спонтаност, слободен избор и прилагодливост на детската возраст и индивидуалните потреби, во односите, меѓу децата и воспитувачот во неа, ништо не се одвива стихијно и импровизирано, туку зад овие барања стои смислена организација, односно планирана и систематска работа.

Педагошката вредност на дејноста што се реализира се состои во тоа што процесот на учење се остварува низ игра, со насочување на детските интереси и активности.

Кадровски екипирани, воспитно-образовната дејност ја реализират стручно оспособени лица кои одговорно, со тимска работа, ја вршат, односно ги подготвуват децата да бидат самопотикнати субјекти, чии знаења и навики ќе им помогнат соодветно да се соочат со предизвиците на новиот милениум.

Имајќи ја во предвид единствената цел и задача на воспитанието и образованието во нашата земја, како и проблемите од поопшт карактер, организациите во таа дејност имаат потреба од меѓусебна соработка, што ќе придонесе за стручно усовршување и оспособување на носителите на дејноста. За таа цел размената на Програмата се продлабочи со помош на Проектот „Културна соработка“ од Проект „PHARE-CREDO“ помеѓу Детска градинка - „23 Август“ - Берово - Република Македонија и Детска градинка „Пролет“ од град Сандански - Република Бугарија.

Со Проектот се реализира и предвидената размена на воспитно образовни сознанија и искуства помеѓу стручен кадар - воспитувачите, преку организирани семинари во кои учество зедоа експерти од Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ и Филозофски факултет од Р. Македонија и експерти од Благоевград, Југозападен Универзитет „Неофит Рилски“ и од Тракискиот Универзитет - Стара Загора - Р. Бугарија.

ЈУДГ „23 Август“ - Берово, на полето на воспитно-образовната дејност остварува меѓународна соработка со градинката „Снежана“ од Гоце Делчев - Република Бугарија, под мотото „Балкан без граници - на прагот на 21 век“, преку која го негува добрососедството, межусебната помош, размената на општи идеи, конкретно со акценти на образованието, културата, традиционалното - современото, етносите, националностите и екологијата.

Повикот на Земјата за нејзино зачувување од загадување, ги разбранува срцата, мислите и желбите на вработените од Детската градинка - „23 Август“ - Берово и Градинката „Снежанка“ од Гоце Делчев - Р. Бугарија, да дадат свој придонес кон оваа највисока хуманистична цел - преку воведување на екологијата во својата секојдневна образовна работа со идеи, за зачувување на Планетата земја - нашиот дом, за да ги уживаме убавините и чудата на земјата, небото, водите, шумите и животот со сета нивна разновидност.

Резултатот на таа соработка и дружењето меѓу овие градинки беа организирани два семинара - Балкан без граници на прагот на 21 век - конкретно од областа на екологијата. Учество на семинарите зедоа експерти токму од таа област, со што го збогатија нашето искуство со нови идеи, што ќе придонесат на младото поколение да живее во здрава и чиста средина.

Преку реализирање на овие програми и проекти воспитно-образовниот тим при Установата е со интенција да ја продлабочува соработката со градинки од Републиката, па и пошироко, негувајќи ја размената на идеи и искуства, дружењето, меѓусебната помош и добрососедството, што придонесуват да се соочиме со брзите промени кај нас и во светот и предизвиците што ги носи 21 век. 

 

 Известувања и соопштенија за градинките:

 

 

  • image
  • image
  • image
  • image
  • image
  • image
  • image
  • image
  • image
  • image

Временска Прогноза

  • image
  • image
  • image
  • image
  • image
  • image
  • image
  • image

Следете не на:

  • Facebook: detskagradinka
  • Google+: +TodorPanovski
  • Linked In: in/todorpanovski
  • Twitter: top3d4u
  • YouTube: channel/UCnnC-693CJU4svhq17QQh6w
  • External Link: mtsp.gov.mk
  • image
  • image