Балкан без граници-На прагот на 21 век

Надвор од програмата Phare-Credo , а во склоп на соработката која е воспоставена преку Credo е организирана конференција во градинката „Пролет“ град Сандански Р. Бугарија – Традиционалното и современото предучилишно воспитување и образование - .Учесници беа и стручни лица од таа област од Македонија кои исто така зедоа учество со свои излагања.

РО „23 Август“ – Берово Р. Македонија на полето на воспитно-образовната дејност остварува меѓународна соработка и со градинката „Снежака“ од град Гоце Делчев Р. Бугарија под мотото „Балкан без граници-На прагот на 21 век“ преку која го негува добрососедството, межусебната помош, размената на опити и идеи, конкретно со акценти: образованието, културата, традиционалното-современото, етносите, националноста и екологијата.

Повикот на земјата за нејзино зачувување од загадување ги разбранува срцата и мислите на вработените во РО „23Август“  Берово- Р. Македонија и вработените од градинката „Снежанка“ град Гоце Делчев- Р. Бугарија да дадат свој придонес кон оваа највисока хуманистичка цел преку воведување на екологија во својата секојдневна образовна работа со децата. Токму тааи не зближи да се дружиме со што се збогатуваме со нови идеи, за зачувување на Планетата земја-нашиот дом, за да ги уживаме убавините и чудата на земјата, небото, водите, шумите и животот со сета своја разновидност.

Исходот на таа соработка и дружење межу тие градинки беа организираните два семинари Балкан без граници-на прагот на 21 век – конкретно областа екологија. Учество на семинарите зедоа експерти токму од оваа област што го збогатија нашето искуство со нови идеи, со што ќе допринесе на младото поколение да живее во здрава и чиста средина.

  • image
  • image