Проект - PHARE-CREDO

 

Прв Семинар

 

Проект од Европската Унија "PHARE-CREDO" -Културна соработка помеѓу две градинки, градинките ОЈУДГ "23 Август" - Берово, Република Македонија и ЦДГ "Пролет" - град Сандански, Република Бугарија

 

Со книгата - ЗБОРНИК - е проследена програмата „Културна соработкаод проектот Phare-Credo, која што се реализираше низ семинари на кои учесници беа експерти за предучилишното воспитание и образование и воспитувачи од Детската градинка „23 Август“ Берово - Р. Македонија и Детската градинка „ПРОЛЕТ“ - Р. Бугарија.

Книгата е зборник научни трудови на експертите и практични прикази на воспитувачите.

Имајки ги во предвид единствените цели и задачи на воспитанието и образованието во нашата земја, како и проблемите од поопшт карактер, организациите во таа дејност имаат потреба од межусебна соработка што ќе придонесе за стручно усовршување и оспособување на носителите на дејноста. За таа цел разменатата на искуства се продлабочува со помош на Програмата „Културна соработка“ од проектот „Phare-Credo“ , меѓу Детска градинка „23 Август“ Берово - Р. Македонија и Детска градинка „Пролет“ од град Сандански - Р. Бугарија.

Со проектот Phare-Credo - „Културна соработка“ меѓу две погранични места Берово - Р. Македонија и Сандански - Р. Бугарија ние остваривме работни средби и семинари, посета на образовни и културни институции и други активности.

Со проектот се реализира и предвидената размена на воспитно-образовни сознанија и искуства помеѓу стручен кадар - воспитувачите. по 20 воспитувачи од двете страни со експертски тимови од Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ и Филозофскиот факултет - Скопје од Македонија и од Југозападниот универзитет „Неофит Рилски“ од Благоевград Р. Бугарија.

Како експерти од Р. Македонија се вклучени проф. д-р Јелица Николовска за методика на јазикот, проф. д-р Олга Мурџева Шкариќ за психологија и проф. м-р Запро Запров за методика на музичко воспитување од Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ и Филозофскиот факултет - Скопје. Татјана Георгиева е вклучена како координатор на програмата „Чекор по чекор“.

Целта на семинарот беше размена на воспитно-образовни сознанија и искуства меѓу експертите и воспитувачите од Р. Македонија и Р. Бугарија.

Првиот семинар се одржа на 13, 14, 16, 17 јануар во градинката „Пролет“ град Сандански. На семинарот беа - воспитувачи од град Берово и експерти од Р. Македонија. Главен асистент д-р Маргарита Колева , главен асистент д-р Веска Вардарова, главен асистент д-р Вања Стоименова, заменик ректор - доцент Димитар Димитров од Југозападниот Универзитет „Неофит Рилски“ Благоевград и доцент Ѓорѓи Иванов професор на Тракијскиот Универзитет од Стара Загора.

Акцентите на излагањата на професорите беа - „Детето, педагогот и програмата“, „Бариерите пред општење и креативноста и творење кај децата“.

Во рамките на престојот на воспитувачите и експертскиот тим од Р. Бугарија на одржаниот семинар во Детската градинка „23 Август“ во град Берово Р. Македонија на 10, 11, 12, 13 Февруари се реализираше  и Стручна средба на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, со цел учесниците во проектот од Бугарија да се информираат за образованието на воспитувачкиот кадар во Р. Македонија.

Вработените од Градинката „23 Август“ Берово - Р. Македонија и Градинката „Пролет“ од Сандански - Р. Бугарија изразуваме благодарност до Европската Унија - програмата Phare-Credo која финансиски не подржа во реализирањето на Пограничната соработка - Исток-Исток, помеѓу град Берово, Република македонија и град Сандански, Република Бугарија, до Министерството за труд и социјална политика - Скопје, Р. Македонија, до Направление - „Образование“ при Општинскиот совет град Сандански, Р. Бугарија и до експертите од Р. Македонија и Р. Бугарија кои несебично се залагаа при реализација на семинарите.

И за крај оваа книга нека им послужи на сите воспитувачи, на сите оние кои се занимаваат со воспитно-образовна работа, како појдовна основа и поттикнување на нивните потенцијали во понатамошната работа.

  • image
  • image