Тркалезна маса - Со меѓународно учество

 

"Специфични проектни активности во детските градинки" 2003 год.

Имајќи ги предвид единствените цели и задачи на воспитанието и образованието во наша земја, како и проблемите од поопшт карактер во таа дејност, имаме потреба од меѓусебна соработка што ќе придонесе за стручното усовршување и оспособување на носителите на таа дејност со заемна размена на идеи, размена на научни истражувања и размена на искуства. За таа цел, работата врз проекти и конкретно специфичната дејност на градинките, со што ја презентираат индивидуалноста, е од несомнено значење.

Средбата ќе придонесе за размена на воспитно-образовните сознанија и искуства во предучилишната дејност.

Нека оваа средба на сите нас што се занимаваме со воспитно-образовната работа, ни биде појдовна основна и поттикнување на нашите потенцијали во понатамошната работа.

Професионално достоинство ни беше веднаш по прогласувањето на традиционалната манифестација ДЕНОВИ НА УЧИТЕЛСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА, чијшто носител е СОЈУЗОТ НА ПРОСВЕТНИТЕ РАБОТНИЦИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, да го прифатиме домаќинството на една од компонентите на овој исклучителен дел на ДЕНОВИТЕ НА УЧИТЕЛСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА, што први се одржуваат во малешевијата, во заедничка организација со здруженијата на просветните работници - Берово и Пехчево и со Домот на Културата „Димитар Ѓеорѓиев Беровски“ - Берово.

Детската градинка „23 Август“ - Берово на тој начин - со Тркалезна маса - влегува во стручно-научната историја на СОЈУЗОТ НА ПРОСВЕТНИТЕ РАБОТНИЦИ, чијшто традиционален репрезент ќе се ДЕНОВИТЕ НА УЧИТЕЛСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА.

Со нашето стручно организационо домаќинство на денешната средба, ние индувидуално и институционално се афирмираме како детска градинка. Ние сме почестени - што сме првата градинка, која се вклучува во ДЕНОВИТЕ НА УЧИТЕЛСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА, придонесувајки да се афирмираат и специфичните проекти на детските градинки во Република Македонија и во Република Бугарија и Република Хрватска.

Целта на Тркалезната маса треба да ја сфатиме како шанса и можност - во промотивна и дискусиона форма, да го изложиме најсуштественото од специфичните проектни активности, за да ги поттикнеме натамошните творечки иницијативи во детските градинки, да го зајакнеме системот на заемна соработка и така да учествуваме во создавањето на современата теорија на предучилишното воспитание во Република Македонија.

Публикувањето на материјалите од Тркалезната маса ќе представува наше вклучување во единицата штп ја воспоставува СОЈУЗОТ НА ПРОСВЕТНИТЕ РАБОТНИЦИ НА МАКЕДОНИЈА под наслов: СОБРЕМЕНА ТЕОРИЈА И ПРАКТИКА.

Истовремено тоа ќе биде и нашата втора стручна публикација.

 

  • image
  • image